Алегри ја отфрлил понудата на Арсенал

од Vladimir Zorba
318 прегледи

Поранешниот тренер на Јувентус и Милан, Масимилијано Алегри беше една од првите опции на Арсенал за нов менаџер на тимот. Италијанецот, сепак, ја отфрли понудата на тимот од Лондон, тврди Скај Спорт. Весникот пренесува дека стратегот не е подготвен да се врати на тренерската работа и има намера да одмори до следното лето.

Клубови како што се Пари Сен Жермен, Баерн Минхен, Тотенхем и Манчестер Јунајтед беа заинтересирани за Алегри, но никој од нив не го убеди да го прекине одморот. Алегри е без работа уште од минатото лето кога се раздели со Јувентус.

Вчера Арсенал го отпушти Унаи Емери, кој го водеше тимот изминатата година и пол. Неговиот помошник Фреди Љунберг е назначен за привремен менаџер.

Слични содржини