Ханси Флик најверојатно ќе ја преземе германската репрезентација на лето, па Баерн мора полека да прави планови за новата сезона.
Ако Флик навистина го наследи Јоаким Лев на клупата на „панцирите“, се верува дека Јулијан Нагелсман е најблизу до Баварците.
Но, дали е тоа навистина така?
Италијански „Медиасет“ тврди дека Баерн има опции – дека на мета, покрај младиот тренер на Лајпциг, е и Масимилијано Алегри.
Популарниот Макс, наводно, лично го барал извршниот директор на Баерн, Карл-Хајнц Румениге.
„Румениге го цени искуството на Алегри, флексибилноста и, пред сè, победничката ДНК“, пренесе „Медиасет“.
Алегри е без работа од летото 2019 година кога го напушти Јувентус.
Оттогаш тој се споменуваше како кандидат за тренер на Реал Мадрид, Пари Сен Жермен, Манчестер Јунајтед, Челси, Барселона, Интер …