Алегри по 3:0 против Сасуоло: Победивме во натпревар кој не беше лесен

од Vladimir Zorba

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри беше воодушевен од победата над Сасуоло од 3:0. Тој изјави дека ова е важна победа за неговиот тим која не дошла лесно. Тој ја коментираше и повредата на Анхел Ди Марија и Денис Закарија.

„Не сум загрижен. Ајде да видиме што ќе покажат снимките утре. За жал, такви работи се случуваат во фудбалот. Ди Марија имаше проблем со адукторот пред една недела. Можеби требаше да го заменам на 3-0, но видов дека уживаше. Со Закарија тоа е само грч, ништо повеќе. Важно е дека го добивме овој натпревар, кој навистина го посакувавме и не беше нималку лесен“, изјави Алегри.

На почетокот на натпреварот Сасуоло пропушти неколку добри шанси, но потоа Јуве се собра и ги зеде работите под контрола.

Тој ги коментираше двата гола на Душан Влаховиќ.

„Тој е многу среќен што ги постигна овие голови, но има моменти кога треба да ги подобри своите одлуки на теренот. Среќен сум поради него бидејќи му беа потребни овие голови“, сподели тренерот.

Во меѓувреме, на социјалните мрежи се појави фотографија на која Леандро Паредес го гледа натпреварот на Јуве и се радува на голот на Ди Марија. Ова повторно ги активираше гласините за негов трансфер во редовите на „бјанконерите“.

„Двајцата се пријатели од Аргентина, па тоа е нормално. Не знам дали ќе играат заедно, во моментов се потпирам на играчите што ги имам на располагање. Клубот заврши добра работа, загубивме важни играчи, но во нивните место беа донесени други добри играчи“, заврши Алегри.

Слични содржини