Претходните денови се шпекулираше за незадоволството на Кристијано Роналдо во Јувентус, и напуштање на тимот од Торино. Денес овие приказни ги потврди тренерот на овој тим, Масимилијано Алегри.
Роналдо изрази желба за нов предизвик, неговиот агент Жорже Мендеш веднаш се фрли на работа и започна преговори со Манчестер Сити. Сите досегашни шпекулации на денешната прес-конференција ги потврди тренерот на „Старата дама“, Масимилијано Алегри.
„Разговарав со Кристијано вчера и тој ми рече дека нема намера да остане во Јувентус. Не сум разочаран, тоа е негов избор и тој бара нов клуб по три години овде. Тоа е животот. Затоа тој не тренираше денес и утре нема да игра против Емополи“, изјави Алегри.
Договорот меѓу тимовите е близу до финализација, Сити ќе плати околу 25 милиони евра на Јувентус на име обештетување, а Португалецот треба да потпише двегодишен договор вреден 15 милиони евра по сезона.