Алегри пред финалето на Купот: Интер е тежок противник и ќе мораме да бидеме трпеливи

од Vladimir Zorba
288 прегледи

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри ги сподели своите очекувања за претстојното финале во Купот на Италија против Интер.

Двата тима ќе се сретнат на „Олимпико“ вечерва, а тимот од Торино се обидува да го одбрани трофејот освоен минатата сезона.

Стручњакот верува дека ќе има неизвесен натпревар, а неговиот тим ќе мора да биде трпелив за да победи.

„Очекувам да биде добар натпревар. Интер е тежок противник и ќе мораме да бидеме трпеливи. Фудбалот е чуден ако падне ран гол, може целосно да го смени текот на натпреварот. Ќе се обидеме да прикажеме добра игра и да го подигнеме трофејот. Имам неколку идеи за почетниот состав, но ќе одлучам наутро или навечер пред натпреварот. Ќе играат Џорџо Киелини и Матијас Перин, како и Дибала. За останатите ќе видиме“, изјави Алегри.

Јувентус има освоено барем еден трофеј во последните 10 сезони и Алегри сигурно не сака да биде причина за прекин на оваа традиција.

„Секако дека финалињата се секогаш важни и сакаме да победиме. Дали ќе играме со тројца во одбраната? Ќе видиме, но играчите знаат како да се прилагодат на двете шеми на игра“, изјави селекторот.

Слични содржини