Алегри: Престанавме да играме по 2:0, има за што да жалиме

од Vladimir Zorba
175 прегледи

Тренерот на Јувентус, Масимилиано Алегри го прифати тешко ремито 2: 2 против Тотенхем во 1/8-финалето на Лигата на шампионите.

Тимот од Торино имаше предност од 2: 0, што можеше да биде и поголемо, но на крајот му се измолкна победата.

„Беше добар натпревар. Ние направивме неколку грешки кои беа најмногу поради големиот притисок“, објави тренерот на прес-конференцијата по натпреварот.

„Буфон направи одлично спасување и имавме можност да поведеме со 3:0. Потоа пропуштивме и пенал. Дефинитивно има за што да жалиме“.

„Сепак шансите за 1/4-финале остануваат и ќе дадеме се од себе за да победиме во Лондон“.

„Откако поведовме со 2: 0 направивме крупни грешки и престанавме да играме, а противникот го искористи тоа“.

„Штета што не победивме, но имаме се што треба за да победиме во Лондон”.

„Тотенхем е силен тим, но не заборавајте дека ние сме Јувентус“, заврши тренерот на „Старата дама“.

Слични содржини