Масимилијано Алегри ги подгреа шпекулациите дека е најсериозен кандидат за преземање на Манчестер Јунајтед откако откри дека учи англиски јазик.
Италијанскиот стратег е слободен откако на крајот на минатата сезона си замина од Јувентус, а медиумите сега го претставуваат како наследник на Оле Гунар Солскјаер.
„Не зборувам добро англиски, ама учам“ одговори Алегри на прашањето за менаџерската позиција во Манчестер Јунајтед.
Според италијанските медиуми Алегри би заработува 6.5 милиони фунти на „Олд Трафорд“.
Тој со себе во Јунајтед од Јувентус би ги земал Емре Џан и Марио Манџукиќ во јануарскиот преоден рок.
На стартот од новата сезона Манчестер Јунајтед игра очајно и моментно се наоѓа на 12 позиција со само два бода повеќе од зоната на испаѓање.