Алегри за црвениот картон на Роналдо: Затоа треба ВАР во ЛШ

од Vlatko K
93 прегледи

Тренерот на Јувентус, Масимилиано Алегри смета дека протерувањето на Кристијано Роландо во натпреварот од Лигата на Шампионите против Валенсија било погрешно, а системот за видео-повторување (ВАР) можеше да биде корисен на судијата во случајот.

Роналдо доби пресилен директен црвен картон од главниот арбитер Феликс Брих во 29-тата минута на „Местаља“, но со човек помалку Италијанците сепак стигнаа до успехот со 2:0.

“Можам само да кажам дека во овој случај, „ВАР“ можеше да им помогне на судиите да донесат правилна одлука. Да останеме со 10 лица на теренот по слична ситуација – тоа беше разочарувачки. Роналдо ќе ни недостасува во следниот натпревар“, прокоментира Алегри.

„Игравме добро до бркањето на Роналдо, но и потоа продолживме да го покажуваме нашиот фудбал, и покрај ударот кој го добивме. Заслужено постигнавме два гола и победивме. Не беше лесно, бидејќи Валенсија е добар тим и имаше огромна поддршка од трибините од првата до последната минута. Но, момците се справија добро. Тие играа на ниво и покажаа карактер, кога требаше да ги браниме трите поени“, рече тој.

Слични содржини