311
Холивудскиот актер Алек Болдвин (64) и неговата сопруга Хиларија Болдвин (38) го добија седмото дете.
Веста на својот Инстаграм профил ја објави Хиларија која на видео од породилиште го покажа новороденото девојче.
„Таа е тука! Многу сме возбудени што ќе ви го претставиме нашиот мал сон“, напиша таа и откри дека девојчето го добило името Иларија Каталина Ирена.
„И двете сме здрави и среќни. Нејзините браќа и сестри поминуваат време со неа. Им испраќам на сите многу љубов. Пресреќни сме што ја прославуваме оваа прекрасна вест со вас“, додаде Хиларија.
Алек и Хиларија веќе имаат шест деца заедно.