Алекс Родригез вознемирен поради Џенифер Лопез и Бен Афлек

од Stefanija Kuzmanovska

Само еден месец по раскинувањето на веридбата, Џенифер Лопез е повторно во врска, што непријатно го изненади нејзиниот поранешен партнер, Алекс Родригез. Според странските медиуми, поранешниот бејзбол играч е прилично вознемирен од оваа вест.

Пејачката Џенифер Лопез е повторно видена со актерот Бен Афлек. Овој пат тие се враќаа заедно од одмор во Монтана, каде заминаа по нејзиниот концерт VAX LIVE.

Фактот дека љубовните искри повторно се разгореа помеѓу Џеј Ло и нејзиниот поранешен вереник не му се допадна на нејзиниот друг поранешен вереник, поранешниот професионален бејзбол играч, Алекс Родригез.

„Тој е шокиран што таа веќе продолжила понатаму“, рекол извор за „E!News“ и додал дека тоа го растажило спортистот до таа мера што на Џенифер ѝ испратил пораки дека е вознемирен.

Откако двојката официјално објави дека раскинале по четири години, тие рекоа дека ќе продолжат да работат заедно и да се поддржуваат едни со други како пријатели. Тие дури беа видени заедно на вечера во хотел во Лос Анџелес, каде беа на нивниот прв состанок.

„Тој навистина мислеше дека ќе можат да ги решат проблемите и да бидат повторно заедно“, продолжи анонимниот извор.

„Тој се обидува да се најде со неа, но таа е многу груба кон него“, рекол извор за Родригез, кој сè уште страда за својата поранешна вереница.

Од друга страна, поп дивата целосно го заборави Алекс. Посветена на своето семејство, таа настапи на концертот VAX LIVE како една од главните точки, а тука е, се разбира, и Бен Афлек.

Слични содржини