Александар Јанев за BBC: Македонија активно се бори против трговијата со луѓе и криумчарење мигранти

од Илинка Илиоска
53 прегледи

Првиот човек на Бирото за јавна безбедност при МВР, Александар Јанев на последниот работен ден од четиридневното Генерално собрание на Интерпол што се одржуваше во шкотскиот град Глазгов (Англија) даде интервју за реномираната британска тв куќа BBC а посветено, меѓу другото, и на успешно спроведената меѓународна операција на Интерпол – LIBERTERRA II, во која што на различни нивоа учествуваа стотина држави членки на Интерпол, а фокусирана на борбата и спрчувањето на организираната трговија со луѓе и криумчарење мигранти.

Во интервјуто особено беше истакната улогата на македонската полиција во операцијата, пред се преку воспоставувањето на Европскиот оперативен штаб во МВР во рамки на самата операција, а стана збор и за преземените мерки и активности на национално ниво кои резултираа со успешни реализации на случаи на трговија со луѓе и криумчарење мигранти.

Инаку операцијата LIBERTERRA II привлече огромен интерес во медиумите ширум светот, особено заради сложениот оперативен менаџмент и активностите превземени од полициите на државите учеснички во операцијата, меѓу кои важно место имаше и нашата полиција.

Директорот Јанев нагласи дека македонската полиција ќе продолжи да презема заеднички координирани акции, во борбата против криминалот, сузбивањето на организираните криминални групи, лишување од слобода на сторителите, како и спасување и заштита на жртвите од овие криминални активности.

Всушност не само преку оваа и сличните вакви заеднички меѓународни акции, туку и со самиот факт нагласен во текот на Генералното собрание на Интерпол како признание за македонската полиција за успешната партиципација во операцијата  LIBERTERRA II, се потврдува константата заложба на МВР да работи и да допринесе за безбедноста и стабилноста  во регионални и глобални рамки, при што нашата полиција навистина се позиционира на меѓународната мапа како сигурен, доверлив, односно кредибилен партнер во заедничките меѓународни напори за сузбивање на сите безбедносни закани.

Слични содржини