Александар Наумоски нов директор на затворот Шутка

од desk2
98 прегледи

Александар Наумоски е нов директор на затворот Скопје во населбата Шуто Оризари, а функцијата ја презеде денеска од досегашниот директор Александар Ѓеорѓиевски.

„Директор на оваа институција е одговорна работа. Во наредниот период ќе се фокусирам да се подобрат условите во затворот согласно европските стандарди. И затворениците се луѓе и заслужуваат многу подбори услови од оние кои сега ги имаат. Ќе работам да овозможам подобри услов за ресоцијализација“, вели Наумоски за СДК.

Александар Наумоски е дипломиран правник, магистер по човекови права. Од 2006 до 2011 работи во Министестерството за правда и е соработник на владиниот агент за застапување на земјава пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур.

Наумоски е долгогодишен член на СДСМ. Од 2005 до 2009 е советникот во Советот на Општина Ѓорче Петров, а од 2009 до 2013 советник во Советот на Град Скопје. На локалните избори во 2013 е кандидат за градоначалник на Општина Ѓорче Петров од редовите на СДСМ, на кои беше поразен од кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Сокол Митревски.

Тој е син на поранешниот претседател на Уставен суд Бранко Наумоски.

Наумоски важи за еден од најсериозните кандидати за градоначалник на Општина Ѓорче Петров од редовите на СДСМ, на претстојните локални избори.