Александар низ солзи зборуваше за својата ќерка: Русија се збогува од Дарја Дугина

од Stefanija Kuzmanovska
605 прегледи

Во Москва се одржува церемонија за збогување од руската новинарка, ќерка на филозофот Александар Дугин, Дарја.

Дарја Дугина загина од експлозија на автомобил вечерта на 20 август, кога се враќала од фестивалот „Традиција“.

Истражниот комитет на Руската Федерација отвори кривична постапка за убиство извршено на општествено опасен начин.

Според досегашните резултати од истрагата, убиството било нарачано.

ФСБ откри дека убиството на Дугина го подготвиле украинските специјални служби.

Како извршител на убиството е идентификувана украинската државјанка Наталија Вовк која побегнала по злосторството во Естонија.

На насобраните им се обрати таткото на Дарја, Александар кој низ солзи зборуваше за својата ќерка.

Слични содржини