Алексиќ се брани со молчење: Одбил да одговори на прашањата за Милена и Ива

од Nikola Popovski
401 прегледи

Мирослав Мика Алексиќ (69), директор и сопственик на училиште за глума, кој е осомничен за осум силувања и седум незаконски полови дејствија против шестмина негови студентки, не сакаше да одговори на конкретни прашања во врска со сериозните обвиненија против него на рочиштето на Вишото обвинителство во Белград.

Според српските медиуми, режисерот презентирал само кратка одбрана, но тој не сакал да зборува за деталите.

– Алексиќ зборуваше кратко и опуштено . Тој рече дека генерално не е виновен, дека никогаш сексуално не малтретирал ниту една студентка, дека е во шок и дека не знае зошто девојките го обвиниле по толку години – открива извор.

Според него, одбраната на Мирослав Алексиќ е сведена на неколку реченици во кои тој само го негирал обвинението. Режисерот не сакал да зборува за деталите.

– Тој одлучи накратко да негира сè за што беше обвинет. Веднаш рече дека не сака да одговара на прашањата што ќе му бидат поставени во оваа фаза – вели извор за српските медиуми.

Испитувањето на сведоците во истрагата против Алексиќ треба да продолжи на крајот на неделава, кога треба да сведочат и другите девојки кои го пријавиле, а потоа сведоците ќе бидат повикани во обвинителството, вклучително и вработените во училиштето, неговата сопруга Билјана Масиќ и актерот Иван Зариќ.

Тој беше уапсен на 17 јануари, а два дена подоцна му беше одреден притвор.

Познатите актерки Милена Радуловиќ и Ива Илинчиќ, претходно раскажаа дека Алексиќ ги силувал додека таа биле малолетни и дека тоа се случило повеќе пати.

 

Слични содржини