292
Новата аквизиција на Манчестер Јунајтед, Алексис Санчез се изјасни за виновен за неговиот случај за затајување данок во Шпанија помеѓу 2012 и 2013 година, кога тој беше играч на Барселона.
На овој начин, чилеанскиот напаѓач доби 16-месечна затворска казна, која нема да ја лежи. Според шпанскиот закон, секоја пресуда до 24 месеци може да биде анулирана со плаќање одредена парична казна.
Алексис ќе плати казна од 590,065 евра, што е еквивалентно на неговата еднонеделна плата на „Олд Трафорд“.
Јужноамериканецот веќе плати еден милион евра во шпанската каса, заради кривичното дело, за кое беше обвинет. Санчез дури и не дојде на суд, но се „појави“ преку видео-конференција од Лондон.