Алексов: Предвремената исплата на кредитот кон ММФ позитвен сигнал за инвеститорите

од Vladimir Zorba
85 прегледи

Предвремената исплата кон Меѓународниот монетарен фонд на кредитната линија за претпазливост за Македонија претставува позитивен сигнал за странските инвеститори и за домашните компании дека економијата е во добра кондиција и постои макроекономска стабилност, оценува извршниот директор на Сојузот на стопански комори Митко Алексов.

Тоа е особено важно, вели Акексов, ако се има предвид дека многу земји-членки на Европската унија не се во состојба редовно да ги сервисираат своите долгови и тешко добиваат одобрување за пролонгирање за враќање на долговите.

Според него, дополнителен позитивен сигнал е кредитниот рејтинг на Македонија од ББ+, односно нашето рангирање во земји со стабилна економија и умерено ниво на задолженост.

Македонија предвреме и во целост го исплати долгот кон Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). На 27-ми минатиот месец е префрлена и последната рата од кредитната линија за претпазливост, во вредност од 174 милиони долари.

Со предвремената исплата заштедени се пет милиони евра на камати и курсни разлики, а подобрен е и имиџот на земјата зашто се намалени јавниот и државниот долг за 1,7 процентни поени.

Кредитот во износ од 312 милиони долари Македонија го зеде во 2011 година, а почна да се враќа кон средината на 2014-та. Последната рата е исплатена со средства од девизните резерви.