7
Борусија Дортмунд и шпанскиот Леганес се договорија за предвремено раскинување на позајмица на напаѓачот Себастиен Алер, официјално соопштија од германскиот клуб.
Репрезентативецот од Брегот на Слоновата Коска има осум настапи во Примера и уште еден на турнирот во Копа дел Реј во Шпанија од минатото лето.
30-годишниот сега повторно ќе му се приклучи на холандски Утрехт, за кого настапуваше на почетокот на кариерата, повторно на позајмица која ќе трае до крајот на сезоната.
На 132 натпревари кои Себастиен Алер ги одигра во холандскиот шампионат со екипите на Утрехт и Ајакс, постигна вкупно 73 гола.
За Борусија Дортмунд, Алер играше 33 пати во Бундеслигата (9 голови) и 6 пати во Лигата на шампионите (1 гол).