Алгоритам во борбата против ракот: Вештачката интелигенција точно ги идентификува малигните промени

од Vladimir Zorba
559 прегледи

Научници развија нов модел на вештачка интелигенција (ВИ) кој може точно да го идентификува ракот, што би можело да го забрза дијагностицирањето и лекувањето на пациентите.

Моделот, развиен од експерти од Royal Marsden NHS Foundation Trust, Институтот за истражување на рак во Лондон и Империjал колеџ во Лондон, може да идентификува дали абнормалните израстоци се канцерогени.

Се вели дека алгоритмот е поефикасен од сегашните методи.

„Во иднина, се надеваме дека ова ќе доведе до рано откривање и потенцијално ќе го направи лекувањето на ракот поуспешен со идентификување на пациенти со висок ризик“, рече Бенџамин Хантер од Royal Marsden Фондацијата.

Тој изјави дека првичните резултати покажуваат дека новиот модел на вештачка интелигенција ги идентификува канцерогените белодробни јазли и дека има планови за тестирање на технологијата на пациенти со големи белодробни јазли.

Истражувачкиот тим истакна дека студијата е сè уште во рана фаза и дека ќе бидат потребни повеќе тестирања пред да се воведе новиот модел на вештачка интелигенција во здравствените системи.

Сепак, тие велат дека неговите потенцијални придобивки се јасни.

„Преку оваа работа, се надеваме дека ќе ги поместиме границите за да го забрзаме процесот на откривање болести, користејќи иновативни технологии како што е вештачката интелигенција“, рече Ричард Ли кој учествуваше во истражувањето.

Ракот е водечка причина за смрт во светот, а од оваа болест годишно умираат околу 10 милиони луѓе, покажуваат податоците на Светската здравствена организација.

Во многу случаи, сепак, болеста може да се излечи ако се открие рано.

Слични содржини