Алијанса на Албанците (АА) бара оставка од градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска. Според партијата, „Арсовска одамна потфрли во својата должност, а сега таа станува штетна за сите скопјани“.
По неправедното отпуштање на вработени во јавните претпријатија, сега го блокираше и јавниот превоз, наштетувајќи им на приватните превозници и на сите граѓани на Скопје. Би упатиле повици да се реши проблемот, но Арсовска веќе ја докажа својата неспособност и лошо менаџирање, па како единствено решение кое го гледаме за сите проблеми е нејзината итна оставка.
Алијанса за Албанците проценува дека главниот град не смее да остане во ваква хаотична состојба, злоупотребен поради инаети и лични и кланови интереси, туку бездруго треба да се стави во служба на граѓаните на Скопје, стои во партиското соопштение на АА.