Денес, Демократската Унија за Интеграција – Огранокот Тетово, организираше средба на тема: „Разговор со тетовската дијаспора“. Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, Али Ахмети, заедно со генералниот секретар и истовремено претседател на огранокот во Тетово Фатон Ахмети, како и министрите од владиниот кабинет од редовите на ДУИ, првиот заменик премиер Артан Груби, министрите Фатмир Бесими, Крешник Бектеши, Бујар Османи и Јетон Шаќири, се сретнаа, разговараа и им посакаа добредојде на тетовската дијаспора, кои овие денови ги поминуваат летните одмори во родниот град.
„Тетовската дијаспора има релевантна улога во националните процеси, и таа беше предводник на сите прогресивни процеси во нашата земја. Затоа ние, како Албанци кои живееме во Северна Македонија, благодарение на континуираниот придонес на нашата дијаспора, денес ги уживаме сите права како државотворен народ во нашата држава“ – рече во своето поздравно обраќање Генералниот секретар на Демократската унија за интеграција, Фатон Ахмети.
Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, изјави дека во овој период е важно да ја засилиме врската со дијаспората со цел да се зголеми поддршката и придонесот на истата во прогресивните процеси на земјата, особено во контекстот на интегративниот процес на земјата во ЕУ, постигнувањето на европските вредности и стандарди и подобрувањето на квалитетот на животот на граѓаните.
Ахмети ја нагласи важноста на Демократската Унија за Интеграција во сè што е до сега е постигнато во земјата, и дека најважен е мирот, стабилноста и мултиетничкиот карактер на општеството, со забелешка дека и во иднина партијата ќе биде фокусирана на евроинтеграцијата и пристапувањето на Северна Македонија во ЕУ.
Ахмети рече дека албанската дијаспора секогаш е добредојдена во земјата, бидејќи ова е нејзиниот дом, а целта на ДУИ е да продолжиме со зголемувањето на платите, постигнување на европските стандарди, развој на инфраструктурата и овозможување на поволна бизнис клима, што ќе им овозможи на младите да останат тука, додека дијаспората да се врати и да инвестира во својот дом.
Лидерот на ДУИ нагласи дека Северна Македонија се соочува со нови предизвици, кои бараат заедничко дејство на сите прогресивни актери и етнички заедници во остварувањето на стратегиските цели на државата. ДУИ секогаш имала важна улога и ставала националните и општите интереси над партиските политики, и така ќе биде и овој пат за европската иднина на земјата. Во Фронтот на Европа, ги повикуваме сите партии и заедничари кои го сакаат доброто на земјата – рече меѓу другото претседателот Ахмети.
Оваа средба беше одлична можност за граѓаните од тетовската дијаспора да бидат информирани за тековните политички и економски состојби во Северна Македонија, како и за иницијативите и државните политики кои имаат за цел да ја вклучат активно дијаспората во развојот на домашната економија, преку економска поддршка за бизнисите и новите инвестиции.
Активното учество на дијаспората во развојните процеси на земјата е од особена важност, бидејќи многу иселеници имаат не само капитал, туку и знаење кое е потребно и неопходно за општиот економски и општествен развој на земјата.