Претседателот на ДУИ, Али Ахмети пред присутните рече дека земјата се наоѓа во многу важни одлучувачки ситуации за иднината на земјата, за нас Албанците и сите граѓани на Република Македонија.
На собирот во Општина Сарај присутни беа и министерот за животна средина и просторно планирање, Садула Дураку, градоначалникот на Општина Сарај, Блерим Беџети и пратеникот Артан Груби.
Денеска , со почеток во 19.00 часот, ќе се одржи собир во организација на Централниот штаб на ДУИ за референдумот на плоштадот “Скендербег” Скопје.