Алиби или сурова реалност? Консеисао подготвен да го напушти Милан: Нема почит, ако не сум потребен…

од Vladimir Zorba
30 прегледи

По новиот пораз во Серија А, овојпат од Болоња, тренерот на Милан, Серхио Консеисао не го криеше незадоволството од случувањата на и надвор од теренот.

Португалскиот стручњак остро ги критикуваше судиските одлуки и реакцијата на навивачите, но и увери дека тоа нема да биде проблем за „росонерите“, изразувајќи подготвеност да си замине доколку е потребно.

Консеисао отворено проговори за својата ситуација, потенцирајќи дека ја немал заслужената почит за одредени резултати на „Сан Сиро“.

„Јас и мојот тим даваме се од себе. Постојано слушам за можно заминување. Жал ми е што не ја добивам почитта што ја заслужувам. Не сум од вчера во фудбалот. Ги победив Сари, Пиоли и Ди Франческо во Европа, загубив само од Интер и освоив 13 трофеи во Португалија. Имам речиси 100 натпревари во Лигата на шампионите. Сакам почит како личност бидејќи имам семејство. За мене и мојот статус овде се зборува секој ден. Кога веќе нема да бидам потребен, ќе ги спакувам куферите и ќе си одам без да барам ниту едно евро“, изјави синоќа Консеисао.

Слични содржини