На Фејсбук е објавена снимка на која може да се види како алигатор скока во брод полн со туристи, кој застанал покрај брегот за да можат луѓето подобро да ги видат алигаторите за време на нивниот одмор.

Неговата реакција, која се случува со „брзина на светлината“, ги преплаши шокираните луѓе, кои почнаа да скокаат и да викаат.
За среќа, алигаторот не нападна никого, туку веднаш од бротчето скокна во водата.
Туристичката група од Мисури беше на разгледување на мочуриштето по Флорида.
Иако имаат тешко тело и спор метаболизам, алигаторите може да достигнат брзина од речиси 50 километри на час.
https://www.facebook.com/thindery/videos/10102702037741844/