Мал авион се урна во американската сојузна држава Флорида. Цесната падна во мочуришен регион на националниот парк “Everglades”, објави “Дејли мејл”.
Остатоците на машината беа забележани од хеликоптер на телевизискиот канал WPLG, кои лебдел над реонот. Од хеликоптерот наидоа и на една друга морничава глетка.
Од неколку метри височина новинарите видоа како алигатор се храни со телото на загинатиот пилот. Авионот се урна на единаесет километри западно од градот Хоумстед.
Федералната воздухопловна администрација на САД води истрага за случајот. Првичната информација покажува дека пилотот летал во ноќно време и изгубил ориентација.