Алијанса/Алтернатива: Работиме да го заштитиме Охридскиот договор од било каква девалвација

од Vladimir Zorba
288 прегледи

Од коалицијата Алијанса/Алтернатива вечерва излегоа со реакција откако беа обвинети од ДУИ дека работат против Охридскиот договор. Од коалицијата велат дека не само што не работат против договорот, туку работат да го заштитат.

„Алијансата за Албанците и Алтернатива не само што не се против Охридскиот договор, туку работат да го заштитат истиот од било каква девалвација од луѓе како вас.

Ние добро ја разбираме загриженоста на ДУИ и мизерната ситуација во која тие самите избраа да бидат, по две деценискиот неуспех во спроведувањето на Охридскиот договор и во сите други сфери.

Почитувани господа, претпочитавте да бидете на панелот и придружувани само од Бранко Црвенковски, Хари Костов, Христијан Мицкоски, Љупчо Георгиевски и така натаму, како што покажува сликата подолу. Ние не сме виновни за ова, но никогаш не очекувајте да бидеме само ваша публика и гледачи на вашите неуспеси, како што не поканивте давајќи им збор само на гореспоменатите лица.

Ние секогаш ќе бидеме тука за да ги отстраниме вашите маски и украдените мандати, почнувајќи од локалните избори и веднаш потоа со парламентарните.

Лидерите на Албанците, г -дин Зиадин Села и г -дин Африм Гаши се тука, не затоа што сакате вие или не, туку затоа што тоа го сакаат Албанците.“, се вели во соопштението.

Слични содржини