Алијанса бара интервенција на странците: Синхронизираните изјави за 27 април имаат за цел мешање во работата на судството

од Vladimir Zorba
237 прегледи

„Синхронизираните изјави на лидерите на трите најголеми политички партии во земјата и на претседателот за наводни „обвиненија за тероризам“ против напаѓачите на 27 април, намерно имаат за цел да создадат конфузија и да се мешаат во работата на судството“, соопштуваат денеска од Алијансата за Албанците.

„Како што објасни јавната обвинителка Русковска, напаѓачите не биле обвинети за тероризам, туку за „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“. Ова е сосема друго злосторство, слично на обвиненијата за „заговор за востаници“ против екстремистите кои го нападнаа Конгресот на Соединетите држави на 6 јануари.
Секој обид за повторно отворање на случајот на 27 април или за рекласифицирање на обвиненијата ќе ја отстрани веќе многу ограничената одговорност, како и експлицитниот услов на земјите-членки на ЕУ за отворање преговори за членство на Северна Македонија во ЕУ.

Го повикувам шефот на делегацијата на ЕУ, амбасадорите на земјите-членки на ЕУ и американскиот амбасадор да го кренат својот глас и да појаснат дека секое понатамошно мешање во судството или каков било обид за дополнително нарушување на одговорноста за 27 април е неприфатливо и претставува знак на голем чекор наназад во европскиот пат на Северна Македонија, што дополнително го одложува отворањето на преговорите за членство во ЕУ, соопштија од АА.

Слични содржини