Алијанса: Честитки до Таравари – откако ги намали Албанците преку „балансерот“, сега преминува на политиките „Македонија повторно твоја“

од Nikola Popovski
88 прегледи

Етничкото чистење на Албанците во институциите кое започна со намалувањето на процентот преку „балансерот“, продолжува со здравствениот сектор на чело со Арбен Таравари, обвинија денеска од Алијанса за Албанците. Партијата саркастично упати „честитки“ до новиот министер за здравство.

Од партијата на Зијадин Села истакнуваат дека директорот на Клиниката за Токсикологија, поставен од самиот Таравари, отпуштил 18 Албанци.

-Во меѓувреме, голем број вработени во други клиники алармираат дека добиле предупредувања дека многу брзо може да ја имаат истата судбина. Го повикуваме Таравар и коалицијата ВЛЕН сега да престанат со оваа сервилност со сериозни последици за Албанците. Јавно ги прашуваме дали е ова политиката што толку помпезно ја најавуваа и промената што им ја ветуваа на Албанците во изборната кампања. Со оваа промена навистина ги спроведувате политиките на Мицкоски – „Македонија повторно твоја“, стои во партиското соопштение на АА.

Новиот директор на Клиниката за токсикологија, Андон Чибишев денеска информираше дека 18-те спорни вработени кои беа без валидни договори за вработување веќе не доаѓаат на работа. Вели дека тие незаконски биле дел од институцијата, а со тоа што добивале плата оштетен е и буџетот. Целата документација околу овој случај, вели ја предале на надлежните органи.

Слични содржини