Алијанса за Албанците (АА) од самиот почеток ја покажа својата позиција за интегративниот процес на земјата и за тоа што се нарекува француски предлог, стои во реакцијата од албанската опозициска партија како одговор на денешните обвинување од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Според АА, ВМРО-ДПМНЕ меѓу нас нема да најде вазален партнер каков што го имаше некогаш ДУИ, која сега го има истото вазалство кон СДСМ.
Од партијата на Зијадин Села додаваат дека „АА им припаѓа само на Албанците и на народот и одговара само пред народот“.
Mицкоски денеска излезе со обвинување дека освен власта, против референдум за францускиот предлог се и инсталации на власта во опозицијата.
-Или пак се резервна варијанта или базен за пратеници на власта. Тука веќе имам јас дилема каде тие припаѓаат. За да се идентификуваат себеси како опозиција треба во јавноста да излезат со ставови со кои ќе ја критикуваат власта. Ако тие ги поддржуваат ставовите на власта, тогаш не гледам како тие можат себеси да се идентификуваат како опозиција, кажа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.