Алијанса: ДУИ се уништувачи на албанската култура

од Vladimir Zorba

„После една деценија одолговлекување и злоупотреби, Театарот на Скопје дефинитивно е повторно отворен. Честитки до сите уметници и љубители на уметноста, на сите тие што една деценија беа во исчекување на овој ден и на коишто за сето тоа време им беше забранет влез на овие врати“, се вели во соопштението на Алијансата за Албанците.

„Тука сме за да ви кажеме дека им се забранува влезот на функционерите на ДУИ, коишто оваа тврдина на албанската култура ја држеа како заложник за подолго од една деценија. Ги имаме гледано во повеќе наврати како злоупотребуваат разни спортски, културни настани, па дури и детски манифестации, иако тие немаа ниту право а ниту пак некоја заслуга за тие настани.

Но, денес постои уште една разлика. Тие не само што немаат заслуга за ова повторно отварање, тие се виновни за доцнењето повеќе од една деценија. Тие се виновни за злоупотребите на парите на граѓаните, за тоа што ги оставија уметниците без работа и љубителите на уметноста без претстави. Тие исто така имаат и голема национална вина, тие се виновни за уништувањето на албанската култура со секоја нивна постапка и одлука.

Вие господа, уништувачи на албанската култура, треба да дадете отчет и да одговарате! За вас нема место во седиштата на Театарот, туку во клупите на обвинетите!“, додаваат од АА.

Слични содржини