Алијанса: Главна одговорност за скандалот со Верзиволи сносат министрите Муртезани и Фетаи

од Nikola Popovski
112 прегледи

Со назначувањето на непрофесионален и несоодветен кадар, без потребните подготовки и без потребните сертификати, задолжена за ревизија за ИПА фондовите, се ризикува земјата да загуби еден од најважните инструменти за спроведување и развој на реформите и европските стандарди, велаот од Алијанса за Албанците за случајот со Афрона Верзиволи и нејзиното назначување за ревизор на европските фондови, иако ја нема потребната лиценца за ревизор.

Според партијата на Зијадин Села, аматеризмот на партиите кои ги загубија изборите, немањето основни познавања во владеењето и особено во евроинтеграцискиот процес, ги прави овие партии најголем ризик за европската иднина на земјата.

-Не е доволно само разрешувањето на глабната ревизорка, туку за ова некој треба да сноси и одговорност. Главната одговорност за овој мега скандал сносат министрите Орхан Муртезани и Арбен Фетаи, едниот одговорен за евроинтеграции, а другиот за „добро владеење“, обвинуваат од АА.

Се додава дека ваквите авантури, нивната желба за партизација и заробување на значајни институции од страна на партиски милитанти и непочитување на стандардите и законите, сериозно го нарушуваат имиџот на државата и евроинтегративниот процес, кој и така е нарушен и загрозен со други постапки на Владата кои се случија од првиот ден од нивното доаѓање.

-Повеќе од месец и половина од изборот на Владата, оваа коалиција и нанесе голема штета на државата за што ќе треба време да се санират. Ги повикуваме партиите што ги загубија изборите да си заминат пред да се направи повеќе штета и пред да биде доцна за се, стои во партиското соопштение.

Везиволи назначена за ревизор на европските фондови, ќе биде разрешена од местото, соопшти Владата. Од таму велат дека вниманието треба да се насочи кон злоупотребата на парите. СДСМ обвини дека Владата води катастрофална кадровска политика и дека станува збор за целосно потценување на позицијата.

Слични содржини