Алијанса и Алтернатива: Набавката на тротинетите е само обид да се покрие луксузот на функционерите на ДУИ

од Берта Китинска
271 прегледи

Грдоста на ДУИ не може да биде покриена ниту со пудра, ниту со боја или ниту со лаги, стои во рекацијата на Алијанса и Алтернатива, oткако министерот за надворешни работи Бујар Османи информираше дека вработените од неговото министерство ќе користат електрични тротинети.

-Набавката на неколку тротинети за вработените во Министерството за Надворешни Работи е само обид да се покрие луксузот на функционерите на ДУИ. Во пресрет на локалните избори, Бујар Османи сака да фрли пепел во очите на граѓаните, додека неговите сопартијци, градоначалниците на Дибра, Струга, директори на јавни претпријатија, како и на самата Влада, трошат милиони денари на скапи автомобили.Сега кога министерот не успеа во секоја област на одговорност и ја доведе нашата дипломатија и процесот на интеграција во состојба на колапс, време е залудно да направи ПР со тротинети од 200 евра. Би сакале тој барем да ги купеше по пазарна цена, со оглед на неговото минато полно со коруптивни сомневања кога станува збор за јавните тендери, соопштија од Алијанса и Алтернатива.

Слични содржини