Алијанса и Алтернатива со апел да се казни функционерот на ДУИ Јахиу за злоупотреба на ИПА фондовите

од Andreja Salpe
302 прегледи

Преку соопштение опозицискиот албански блок Алијанса – Алтернатива апелираат да се казни функционерот на ДУИ Јахи Јахиу за злоупотреба на ИПА фондовите.

„Кражбите и корупцијата на функционерите на ДУИ, сега веќе и се познати и на Европска Унија.  Случајот „Јахи Јахиу“, поранешен Државен Секретар во Министерството за Информатичко Општество и Администрација и функционер на ДУИ, пред две години беше притворен за земање мито од 38 илјади евра и потоа беше ослободен во сомнителни околности. Притворањето се случи поради местење на тендер за проект финансиран од даноците на граѓаните од државите на Европска Унија, кои се познати како ИПА ФОНДОВИ. Покрај тоа што претставува скандал, после конечните истраги, според законите на ЕУ, нашата држава ќе треба да ги врати сите пари, целата сума колку што беше доделениот грант во износ од 1.2 милиони евра. Грантот за овој тендер треба да се врати и последиците за тоа ќе ги сносат граѓаните. 

Од сето ова произлегува дека за еден крадец на ДУИ, кој се нарекува Јахи Јахиу, којшто земал 38.000 мито од еден европски тендер, граѓаните сега ќе треба да и вратат на ЕУ 1.2 милион евра од коруптивниот договор. Ние, Алијанса за Албанците и Алтернатива, апелираме до правните институции да се осуди случајот и лицето да се казни, додека, фактурата да се прати до крадецот и неговата партија, а не да бидат казнети најсиромашните граѓани на Европа.

Доста бевме крадени и казнувани од ДУИ за овие 20 години! Казна, а не амнестија, правда, а не корупција. Крајно време е да почне да функционира законот и правната држава”, стои во соопштението

Слични содржини