Алијанса на Албанците на Зијадин Села реагираше на изјавата на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко дека баш му е гајле за реакциите на невладините и на јавноста за нелегалните објекти.
Според нив, арогантното и неодговорно однесување на градоначалникот на Струга уште еднаш покажало дека дивите градби во Струга се прават со знаење и со негово стимулирање.
„Повеќето од тие што градат околу езерото ги кажуваат истите зборови – се договоривме со Рамиз. На овој уништувач на секоја вредност и богатство на граѓаните на Струга, не му е местото таму. За жал, институциите стануваат алатка на криминал и криминалци како Рамиз. Уште еднаш ги покануваме полицијата, обвинителството, судот, Владата, да преземат мерки сѐ додека не стане предоцна. Нашето богатство се уништува и узурпира. Додека организираниот криминал цвета на секој агол во Струга“, соопштуваат од Алијанса за Албанците.