Алијанса на Села: За еден ден општина Гостивар платила 5.000 евра за ручеци и вечери

од Nikola Popovski
22 прегледи

Општина Гостивар е најдобриот пример кој ја разоткрива измамата на претставниците на коалицијата ВЛЕН за наводно добро и транспарентно владеење. Официјалната веб-страница за трошоци на државните и локалните институции (Отворени финансии) ги открива неверојатните трошоци кои се прават во општината предводена од Валбон Лимани, наследникот на Арбен Таравари, на сметка на даночните обврзници од Гостивар, додека тие се соочуваат со проблеми и недостаток на средства секој ден, обвинија од крилото на Алијанса за Албанците предводено од Зијадин Села.

Од партијата обвинија дека за само еден ден општина Гостивар исплатила околу 5.000 евра за ручеци и вечери во различни ресторани.

-Додека Лимани и неговиот кабинет се препуштаат на ручеци и вечери, основните и средните училишта и понатаму се во долгови. Ова уште еднаш докажува дека виновниците за создадените долгови не се Палестина и Украина, туку ненаситноста и луксузот на раководството на Општината, стои во соопштението од крилото на Алијанса, објавувајќи информации од платформата „Отворени финансии“.

Слични содржини