Алијанса на Таравари ги соопшти кандидатите за градоначалници

од Nikola Popovski
16 прегледи

Едното од трите крила  на Алијансата за Албанците, предводено од Арбен Таравари, официјално ги објави имињата на кандидатите за градоначалници за локалните избори. Според синоќешните изјави од прес-конференцијата, крилото на Таравари одлучи актуелниот градоначалник Ваљбон Лимани да биде повторно кандидат за Гостивар, а за општина Сарај „ќе трча“ партискиот генерален секретар Блерант Рамадани. За Теарце, кандидат е претседателот на партиското собрание, Назим Таипи, додека за Врапчиште се кандидира Исен Шабани.

Носителите на листите за советници сè уште не се познати, и тоа ќе се одлучува според Таравари на ниво на работни тела со другите партии од опозициската коалиција во албанскиот политички кампус.

Пред два дена од ДУИ потврдија дека Европскиот фронт и Алијанса на Таравари ќе излезат со заеднички листи за советници во одредени општини.

Освен за Струга, крилото на Алијанса предводено од Зијадин Села треба до крајот на неделата да го соопшти и кандидатот за Дебар.