Алијанса за Албанците (АА) понуди мерки за ублажување на состојбата во државата:
– Сите основни, средни училишта, факултети, како и други образовни институции да се снабдуваат со електрична енергија од снабдувачот на универзална услуга, а не на слободниот пазар или дури во најлош случај од снабдувачот во краен случај.
– Сите болници, здравствени установи и оние за социјална заштита и за стари лица, Алијанса за Албанците предлага да се снабдуваат со електрична енергија од снабдувачот на универзална услуга, без разлика на критериумите кои се поставени да се снабдуваат на слободниот пазар.
– Јавното осветлување на локалната самоуправа (општините), општинските и државните претпријатија во тешка финансиска состојба, исто така, да се снабдуваат со електрична енергија од снабдувачот на универзална услуга.
– Јаслите, градинките, училишните и студентските домови, бидејќи спаѓаат во семејната категорија за наплата на потрошена електрична енергија, кадешто сега се применуваат тарифни појаси (блокови), а истите наскоро ќе преминат во четвртиот опсег кадешто цената е поскапа и од онаа што се применува за категоријата индустриски потрошувачи, за овие субјекти да се применат промени во сегашниот тарифен систем и да се одобри нова потрошувачка категорија кадешто ќе се применува само еден тарифен опсег (блок).
– За економските гиганти и големите компании, Владата да го координира со овие субјекти работното време кога имаме вишок на струја, вишок кој не треба да се продава по јавни набавки, туку истото да им се понуди на овие субјекти по поповолни цени од оние што ги нудат енергетските оператори на либералниот пазар.
-Како антикризна мерка, Владата да помогне со пакети со финансиска помош за сите органи во централната и локалната власт коишто се во тешка финансиска состојба, со цел за справување со оваа критична и неповолна состојба.
– Во текот на 2023 година за делот од ДДВ (данок на додадена вредност) за потрошувачите домаќинства за потрошената електрична енергија, да продолжи да се применува повластената стапка од 5%, додека за категоријата индустриски потрошувачи да се овозможи намалување на мерка од сегашните 18% до оние од 10%.
– За стопанските и комерцијални субјекти кои инвестираат во фотоволтаични централи за лична потрошувачка, Владата на овие субјекти да им ја надомести вредноста на данокот на додадена вредност (ДДВ) извршен за оваа инвестиција.
– За семејните потрошувачи кои инвестираат во фотоволтаични централи за лична потрошувачка, Владата да ја надомести вредноста на банкарската камата (камата) за банкарскиот кредит добиен за оваа инвестиција, додека за оние семејни потрошувачи кои инвестирале во Фотоволтаични централи од нивните заштеди, Владата да им врати 18% од вредноста направена за оваа инвестиција.
Алијанса ја повикува Владата на РСМ, колку што е возможно поскоро, да ги земе предвид овие конкретни предлози со цел да се ублажат негативните ефекти и последиците со кои се соочуваат овие економски и социјални субјекти за време на оваа економска и енергетска криза.
„Во спротивно Владата ќе биде директно одговорна за секоја последица и нема да може да се крие зад светската криза и светските берзи“, изјави пратеничката Илире Даути од АА.