Владејачката партија Алијанса за Албанците преку соопштение информира дека предлага нови министри за здравство и за информатичко општество и администрација
-Врз основа на статутот на партијата, членовите 152, 154, 156 и член 84, Управниот совет на Алијансата за Албанците со 5 гласа од 7, едногласно одлучи:
За министер за здравство се предлага познатиот лекар г-дин Илир Демири, актуелен директор на Клиничка болница -Тетово.
За министер за информатичко општество и администрација се предлага г-дин Наим Бајрами, магистер по политички науки“, стои во соопштението на АА.
Министрите Азир Алиу и Фатмир Меџити, кои го поддржуваат лидерот Арбен Таравари, не се откажуваат од министерското столче. Откако беа сменети кадри од третиот ешалон на владина седница, се погласни се најавите и за предлог за нивно разрешување.
Лидерот на Алијанса за Албанците и неговите поддржувачи утревечер во Куманово на заседание на централното претседателство. Од таборот на Села пак велат дека тоа е само собир и состанок. Партиското собрание е закажано за в сабота во Скопје.