Алијанса тврди дека има лошо искуство со здружената албанска опозиција, им порачаа „сами да одат на свадба“

од Nikola Popovski
214 прегледи

Алијанса на Албанците ја одби поканата на здружената албанска опозиција, составена од БЕСА, Алтернатива и Демократско движење, за соработка на идните избори. Министерот за правда, Кренар Лога, кој е дел од АА, на прес-конференција порача „самите нека одат на свадба“.

Тој истакна дека со секоја од трите партии имаат лошо искуство.

-Преку нас сакаат да го зголемат рејтингот и да освојат повеќе гласови од тоа што можат, а веќе сега му намигнуваат на мнозинството што ќе се формира по изборите, рекол Лога вечерашниот брифинг со новинарите, заедно со неговите колеги, Алиу и Меџити.

Министрите истакнале дека во периодот додека Алијансата за Албанците е во Владата има докажано поинакво владеење, направила разлика на политичката сцена како и воспостави нови практики на транспарентност и инклузивност во работата на институциите.

Партијата сѐ уште не донела одлука за тоа дали е подобро да се оди на заеднички претседателски и парламентрни избори или, пак, на одвоени.

Пред една недела, лидерот на Демократско движење, Изет Меџити порача дека во АА има различни мислења околу тоа дали ќе настапат заедно на следните избори.

-Крајно време е да пресечат. Ние сме отворени и за невладиниот сектор и независните интелектуалци. Треба да одлучат дали ќе одат со власта или со опозицијата и дел од новите победи, рече Меџити, на заедничката прес-конференција со лидерите на Алтернатива и БЕСА, Африм Гаши и Биљал Касами.

 

Слични содржини