Алијанса на Албанците (АА) во сабота ќе избира нов в.д. претседател на партијата, после оставката на досегашниот Зијадин Села. Оставката на Села ќе биде констатирана на партиското Собрание што ќе се одржи во Скопје.
Пред речиси месец дена Села нагласи дека си заминува од кормилото на АА, нагласувајќи дека причината за оставката е поразот на партиската кандидатска листа за општинскиот Совет во Тетово нагласувајќи дека Алијанса за Албанците оствари многу лош резултат и дека нема да има учество во Советот.
Села рече дека имало саботажи одвнатре за да се ослаби партијата.
Села е еден од основачите на Алијанса за Албанците, формирана од група членови на ДПА во времето на сериозен раскол во таа партија и нејзин долгогодишен лидер.
На Собранието во сабота се очекува да се расправа и за оставката на пратеничката Иљире Даути од функцијата координатор на пратеничката група на Алијансата за Албанците.