Алијанса за Албанците вечерва го официјализира излегувањето од Владата, Таравари најавува преминување во опозиција

од Љубиша Владимиров
242 прегледи

Арбен Таравари вечерва ќе ги собере партиските органи на Алијанса за Албанците (АА) во Тетово, за да ја потврдат одлуката за напуштање на Владата и преминување во опозиција. Таравари најави дека кога сите други партии се стремат да влезат во влада, тие ќе ја напуштат, со цел да се вратат посилни, особено на локалните избори.

Таравари ја потврди кандидатурата на Исен Шабани за трет мандат и изјави дека не може да прифати да биде марионета во Владата, нагласувајќи дека Албанците не ја постигнале очекуваната промена и се маргинализирани во државната администрација.

Сепак, не сите членови на партијата се согласни со оваа одлука. Според извори на Алсат, дел од раководството на АА, меѓу кои пратеници и министри, можат да продолжат да бидат дел од Владата. Премиерот Христијан Мицкоски ја критикуваше одлуката на Таравари, сметајќи дека таа не е одлука на целото партиско членство.

Слични содржини