Скендер Реџепи, како претставник на Алијанса за Албанците и Алтернатива од собраниската говорница изјаци дека тие нема да гласаат за Џафери и дека дури и нема да присуствуваат на гласањето за него. 
Тој обвини за крадење на албанските гласови од страна на ДУИ и рече дека тие ќе продолжат со демократско делување.
„Прв пат во историјата Албанците го кренаа совјот глас за неправдите кои ги нанесува Демократската унија за интеграција. Тие им ја убија надежта на сите млади да живеат тука, им ја украдоа демократијата и го стимулираат отселувањето. Затоа сега кога зборуваме за кандидат за претседател на Собранието, не можеме да зборуваме за патриотизам“, изјави Реџепи и додаде дека тој претставува 82 илјади гласачи и 10 илјади кои излегоа на протести и го кренале својот глас против недемократската ДУИ.