Од Алијансата на Албанците и Алтернатива денес соопштија дека немале ниту една официјална средба или преговори на тема влез во Влада со лидерот на СДСМ, Зоран Заев.
Скендер Реџепи од Алијанса на Албанците истакнал доколку Насер Зибери не биде премиер, ДУИ треба да оди во опозиција.
„Или Насер Зибери премиер или ДУИ оди во опозиција“, посочил Реџепи.
Инаку според партијата, тие иако не се легитимни победници на изборите на 15 Јули во албанскиот политички камп, нема да влезат во преговори, се додека ДУИ не го исполнува предизборното ветување за Премиер да биде Насер Зибери.
„Дури и сме кажале дека ако во Собранието стигне предлог Зибери да е премиер ќе ги дадеме нашите 12 пратенички гласа, но ако ДУИ ова не го добие тогаш нема легитимитет да биде во Владата и треба да остане во опозиција“, велат од коалицијата.
За нив не е спорно што мандатот шефот на државата Пендаровски му го дал на Заев. За тоа што не присуствувале на средбата на Ахмети од коалицијата ААА велат дека позитивно одговориле на поканата на Ахмети само побарале таа да биде на друг датум што не беше исполнето од ДУИ.