286
„Опозицијата е виновна“. Оваа е најбаналната реторика и единствениот одговор што го слушаме од хибридниот режим секогаш кога се соочуваат
со горката реалност за начинот на кој ја воделе земјата. Агим Нухиу, ти се зголеми злото!“, реагираат од Алијансата за Албанците по вчерашните обвинувања на заменик министерот за внатрешни работи дека тиестојат зад протестот во Тетово.
„После 27 април, ти се додаде и осми септември. Агим, знаеме дека немаш слушнато за оставка, ниту пак во вашиот политички ген го немате имплементирано политичкиот и човечки морал.
Денес, треба да одговорите до каде се истрагите за модуларната болница во Тетово што изгоре, кој ќе биде одговорен за 14-те изгорени животи во огинот?“, додаваат од АА.