Алијансата за Албанците: ДУИ го изневерува и злоупотребува Охридскиот договор

од Берта Китинска
243 прегледи

Алијанса за Албанците на реагира за односот на ДУИ кон Рамковниот договор, и испратија порака до ДУИ да не манипулираат со крвта и жртвувањето на војниците и сите останати што допринесоа.

„Денес сме тука за да ја разоткриеме големата измама и злоупотреба на Охридскиот договор и кон сите тие коишто допринесоа жртвувајќи го и својот живот за овој договор.

Тие коишто ја имаа најголемата обврска да го имплементираат договорот во овие две децении, денес организираат скапи прослави и забави за да го покријат нивниот дводецениски неуспех. По дваесет години, Охридскиот договор продолжува да биде тема на дискусија и ниту еден од столбовите на овој договор не е заокружен. Сеуште не се исполнети обврските од договорот, како што се: правична застапеност, социјална и економска еднаквост, уставна еднаквост на граѓаните во земјата, квалитетно образование, рисоцијализација на учесниците во конфликтот, реална децентрализација, нефунксионалноста на бадентеровиот систем, меѓуетничките односи и европската интеграција.

За да биде иронијата уште поголема, денес се трошат 500 илјади евра за организирање на една прослава, предизборна забава на партиите на власт, додека, тие што беа најзаслужни, семејствата на загинатите борци и учесниците во војната во 2001 година, се борат за опстанок, со неизлечени рани и многу од нив коишто заминаа надвор од државата.

Денес, за војната и за Охридскиот договор говорат некои луѓе, како Артан Груби којшто нема ниту еден најмал допринос за овој процес, туку само постојано профитира газејќи по доприносот на сите други актери кои на различни начини инвестираа и се жртвуваа. Го повикуваме него и ДУИ да не манипулираат со крвта и жртвувањето на војниците и сите останати што допринесоа.

Да, придобивките од Охридскиот договор се поголеми од петстоте илјади евра што се трошат за вашата партиска забава, но, јавно ве прашуваме-кои се придобивките од оваа забава? Немојте да манипулирате, парите не се трошат за Охридскиот договор, туку за прослави и за предизборна кампања злоупотребувајќи го овој документ.“, стои во  соопштението на Алијанса за Албанците.

Слични содржини