453
Македонскиот репрезентативец, Езѓан Алиоски на мечот на неговиот клуб Лидс против Манчестер Јунајтед, упати сочна пцовка кон бекот на „црвените ѓаволи“, Арон ван Бисака.
Камерите го „уловија“ моментот кога офанзивниот фудбалер на тимот од „Елан роуд“ го опцу на српски англискиот репрезентативец по направен фаул.
„Правилото дека пцовките на српски јазик можат да се користат во секоја пригода се покажа како точно на натпреварот помеѓу Лидс и Манчестер Јунајтед. Алиоски го опцу Ван Бисака, што играчот на „црвените ѓаволи“ секако не го разбра“, на шега коментираат колегите од „Спорт клуб“.