Алиоски за претстојниот меч со Украина: Ќе излеземе без страв и со верба во позитивен резултат

од Stefanija Kuzmanovska
347 прегледи

Македонската А репрезентација на 17 јуни ја очекува вториот натпревар од Европското првенство. Украина е селекцијата на која ќе им се спротивставиме на Националната арена во Букурешт.

Нашиот репрезентативец, Езѓан Алиоски зборуваше за очекувањата од натпреварот.

– Горди сме на натпреварот што го одигравме против Австрија. Резултатот не беше добар за нас, но мораме да размислуваме позитивно. Се фокусираме на мечот со Украина, имаме време за закрепнување и ќе бидеме подготвени. Го анализираме противникот и треба да ги корегираме грешките од првиот натпревар. Треба да го играме нашиот фудбал, да веруваме во себе. Овој натпревар е како финале за нас, но и за Украина.

Тактички треба да бидеме на ниво, но и да бидеме многу внимателни. Украина игра добар, офанзивен фудбал. Постигнаа два гола против Холандија, влегуваат како фаворити на мечот и тоа е добро за нас. Имаме квалитет, ќе излеземе без страв и со верба во позитивен резултат. Точно знаеме што треба да подобриме и важно е бидеме на ниво во текот на сите 90 минути. Имаме квалитет да постигнеме два гола дури и да сме во негатива. Најважно е да веруваме во себе и во тимот.

Слични содржини