Алиша Кис ги водеше Греми без шминка и воодушеви и на прагот од четвртата деценија

546 прегледи

Популарната пејачка многумина ја сметаат за предводничка на „no make-up“ трендот. Имено, Алиша Кис веќе неколку години на важните случувања се појавува без шминка и со својот пример на жените ширум светот им докажува дека не им е потребна шминка за да се сакаат самите себе.

Ништо поразлично не беше ниту нејзиното појавување на Греми. Таа буквално ја збесна публиката облечена во долг, светкав фустан кој ја следеше линијата на телото.

Како водителка, таа се пресоблече неколку пати, а во фокусот беше нејзиното лице и необичната фризура.

Слични содржини