333
Алисон Бекер, голманот на Лајвпул, потпиша нов договор со клубот од „Енфилд“.
Според островските медиуми, Бразилецот ќе остане во редовите на „црвените“ до летото 2027 година.
Тој е третиот играч во тимот на Јирген Клоп кој потпиша нов повеќегодишен договор.
Пред него, Фабињо и Трент Александар-Арнолд го направија тоа.
Интересно е што Алисон, кој дојде во клубот од Рома во 2018 година, е единствениот голман во историјата на Премиер лигата кој постигнаl гол, асистенција и кој ја има наградата „Златна ракавица“, како и шампионската титула.
He’s a ‘keeper… 🤩@Alissonbecker has signed a new long-term contract with the Reds 😁🙌
— Liverpool FC (@LFC) August 4, 2021
Алисон бранеше за Ливерпул 130 пати во сите натпреварувања.