Ливерпул направи се што можеше против многу силен тим како Пари Сен Жермен и мора брзо да го проголта поразот пред финалето на Карабао купот викендов, изјави голманот Алисон Бекер. „Црвените’ загубија со 1:4 на пенали против Французите и беа елиминирани од Лигата на шампионите.
Пари Сен Жермен го доби реваншот од осминафиналето со 1-0 по недоразбирањето меѓу Алисон и Ибрахима Конате, што го остави Усман Дембеле сам пред празна мрежа во 12. минута.
„Штета е што не го добивме резултатот што го посакувавме. Примивме гол кој воопшто не ни помогна, а во пенали се може да се случи. Сепак, мора да му признаеме на Пари Сен Жермен дека тие се многу силен тим“, рече тој, цитиран на клупската веб-страница.
„Тешко ни е да го проголтаме овој пораз, но немаме време за жалење. Ни претстои финале, ни претстојат и натпревари во Премиер лигата. Создадовме многу шанси и натпреварот беше отворен. Пари Сен Жермен добро се бранеше и блокираше многу удари, а Џанлуиџи Донарума одигра одлично. Тоа е фудбал – се е можно. Најдобрите тимови во светот играат во Лигата на шампионите. Ние сме надвор од турнирот и сега е време да се опоравиме. Ќе имаме доволно време за тоа. Имаме уште еден тежок натпревар против уште еден силен противник. Го сакаме овој трофеј. Ги сакаме сите трофеи“, додаде тој.