Бразилскиот голман на Ливерпул, Алисон Бекер, изјави дека е одлично што се вратил на теренот откако се опоравив од повредата и стартуваше за „црвените“ во победата од 1-0 над Жирона во Шпанија во шестото коло од Лигата на шампионите.
„Искрено, толку многу го чекав овој момент по девет недели работа, нема да верувате“, прокоментира голманот.
„Вредеше секој момент, секој тренинг да се вратам на теренот и да имам добар настап за да му помогнам на тимот“, додаде Алисон.
„Кога сте надвор толку долго, едноставно сте благодарни за се и за луѓето кои работеа со мене. Сите момци беа фантастични. Сакав играта да биде совршена за нас, а тоа значи три бода и чиста мрежа. Знаеме дека можевме подобро со топката и без неа, но сепак сум среќен бидејќи ми беше тешко да се вратам и само сакам да го задржам тоа чувство, да уживам во секој натпревар“, додаде Бразилецот.